Вести Економија Топ вести

Дали дневната евтина тарифа ќе ја намали субвенцијата за струја во сметките?

Ќе ја намали ли дневната евтина тарифа, владината поддршка во сметките за струја? – Во моментов во фактурите за електрична енергија пишува дека субвенцијата е 91,5 отсто. Но, со оглед на тоа што од 1 декември се воведе дневна евтина тарифа, овој процент би требало да се промени.

ЕВН чека да ги добие новите владините пресметки кои потоа ќе ги вметне во фактурите во полето наменето за поддршката од државата. Очекуваат да ги имаат до крајот на идната недела, по што ќе се знае колку државата ќе покрива од трошокот за струја на домаќинствата.

Ги прашавме и во Владата дали се почнати со калкулациите, дали ќе се намали износот кој покрива дел од трошокот во фактурите поради евтината тарифа и кога би ги доставиле до енергетските компании, но одговор од таму до објавување на прилогот не добивме.

Поради енергетската криза, Владата одлучи да префрла пари во ЕСМ за да може да работи затоа што цените на берзите драстично пораснаа. Средствата кои одат во државните електрани се од буџетот кој го полнат и граѓаните и фирмите, но Владата ги нарекува субвенции со кој на домаќинствата не им се испорачуваат високи фактури.

И додека се чека новата математика за струјата, поддршката од Владата во сметките за топлинска енергија со стартот на новата грејна сезона може да се забележи дека ја нема. На дел од граѓаните веќе им се испорачани повисоки фактури, кај некои зголемувањето е и до 50 отсто. Но, има и такви кај кои нема значителни промени. Жители, пак, од Железара до нашата редакција се пожалија дека немаат добиено фактури за парно со месеци. Зошто се случува ова, од ЕСМ иако најавија одговор и денеска не дадоа.

Државните електрани во третиот квартал лани односно во летните месеци направија  минус од над 6 милиони евра. Според, Премиерот оваа загуба е токму поради тоа што ЕСМ својата струја ја продавале по пониска цена од пазарната за граѓаните и малите потрошувачи да не се соочат со ценовен шок.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Во послаба позиција од било кој негов претходник – Бајден со историски најнизок рејтинг според анкета на Галуп

Дејан Дејан

Основците и средношколците од утре до 6 мај на пролетен распуст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе