Спорт Фудбал

Хендерсон издржа само шест месеци во Саудиска Арабија

Поранешниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон се враќа во европскиот фудбал по само половина сезона мината во дресот на Ал Етифак во Саудиска Арабија.

Англичанецот договори раскин на договорот со тимот што е предводен од клупата од Стивен Џерард, а шпекулациите го поврзуваат со потпис со тимот на Ајакс.

Хендерсон за само шест месеци увиде дека не е сѐ во парите. Изминатото лето тој потпиша тригодишен договор вреден неверојатно 700.000 фунти неделно.

Според разни информации од европските медиуми, во јануарискиот преоден рок уште неколку ѕвезди се очекува да ја напуштат Саудиска Арабија по само половина сезона, а тоа се Роберто Фирмино и Карим Бензема.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе