Вести Најважни Ракомет Спорт

Македонија конечно блесна против Швајцарија: Прва победа на Европските првенства по четири години

Македонската ракометна репрезентација ја совлада Швајцарија со 29-27 во последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Германија. Нашиот тим со овој триумф го освои третото место во групата А, но нема да мине во следната главна фаза. За Македонија ова беше прва победа на Европските првенства по серија од седум порази по ред или по пауза од четири години.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров по двата убедливи порази против фаворитите Франција и Германија, денеска против Швајцарија покажа поинаков карактер и подобра игра. Особено треба да се истакне првото полувреме во кое имавме блескави моменти. Водевме со највисоки +5 по една серија од 6-0, а на полувремето беше 13-9 за нашиот тим.

Македонија имаше водство се до последните минути од средбата, кога Швајцарците силно притиснаа. Противникот дури и го презеде водството со 24-25 на нешто повеќе од пет минути до крајот. Нашите момците покажаа карактер во финишот кога го решија натпреварот во својата корист со серија од 3-0 за конечни 29-27.

Марко Митев со перфектен ефект од 5 гола од исто толку удари ја водеше Македонија во нападот, а пет голови постигна и Ненад Костески. Жарко Пешевски и  Филип Кузмановски постигнаа по четири погодоци, а по три имаа Филип Талески и Томислав Јагуриновски. Мартин Томовски на голот имаше 12 одбрани во отстуство на капитенот Никола Митревски, кој го пропушти натпреварот поради повреда. Ветеранот Енди Шмид постигна 12 голови за Швајцарија.

Денешната победа против Швајцарија е важна за Македонија, бидејќи ќе биде носител во ждрепката за баражот за пласман на следното Светско првенство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија за нашите деца и внуци

Дејан Дејан

МЗТ не се предава предвреме: Ќе бара изненадување во Суботица

Дејан Дејан

1078 домашни и 770 странски набљудувачи ќе ги следат изборите во среда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе