Кошарка Спорт

Оклахома ја оствари петтата најголема победа во историјата на НБА (ВИДЕО)

Лидерот во Западната конференција, Оклахома го победи Портланд со 139-77. Со 62 поени разлика, тоа беше петтата најголема победа во историјата на НБА-лигата. Шаи Гилгеус Александер имаше 31 поен за победничкиот тим, а крај него уште петмина други играчи имаа довцифрен ефект во нападот.

На дербито на Истокот, Милвоки со 135-102 го декласираше Бостон. Бакс имаа и највисоко водство од 43 поени во текот на натпреварот, а најпрецизен беше Боби Портис со 28 поени, додека Јанис Адетокумпо со 24 поени и 12 скока. Кај Селтикс, ѕвездите не се изнаиграа па само Џејлен Браун имаше двоцифрен ефект во нападот со 10 постигнати поени.

Кајри Ирвинг со 44 поени и 10 асистенции го водеше Далас до победа Против Њујорк од 128-124. Лос Анџелес лејкерс на домашен паркет загубија од Феникс со 109-127, а Бредли Бил беше најдобар кај Санс со 37 поени. Синоќа еден натпревар се одигра и во Париз, Франција, во кој Кливленд го победи Бруклин со 111-102.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе