Кошарка Спорт

Лејкерс минимално против Торонто, Мемфис и без првите ѕвезди славеше во Далас (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс го победија Торонто со 132-131 во рамки на НБА-лигата. Домашниот тим беше предводен од фантастичниот Ентони Дејвис со 41 поен и 11 скока. Леброн Џејмс постигна 22 поени и 12 асистенции, додека на спротивната страна во редовите на Репторс најефикасен беше Скоти Барнс со 26 поени.

Мемфис славеше на гостувањето кај Далас со 120-103 иако беше без Џа Морант, кој ќе отсуствува до крајот на сезоната и без Џарен Џексон. Дезмонд Бејн постигна 32 поени за Гризлис, додека кај Маверикс, Кајри Ирвинг имаше 33, а Лука Дончиќ 31 поен.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Детроит – Сакраменто 110-131
Орландо – Минесота 92-113
Њујорк – Портланд 112-84

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе