Ракомет Спорт

Голема сцена и уште поголем ривал: Македонија против Франција го отвора ЕП 2024

Македонската ракометна репрезентација денеска со дуелот против Франција од 18 часот го отвора Европското првенство во Германија. Овој натпревар веројатно ќе остане запишан во историјата на ракометот, бидејќи се очекува да биде срушен рекордот по број на навивачи. Пресметката се игра на фудбалскиот стадион „Меркур-Шпила арена“ во Диселдорф, кој е адаптиран за ракометен натпревар и собира преку 50.000 гледачи.

Македонија пред себе денеска има огромен предизвик што се вика Франција. Олстар тимот на „триколорите“ е застрашувачки и секако еден од кандидатите за златниот медал на ова Европско првенство. Улогата на аутсајдер не треба да значи дека нашата репрезентација предвреме е отпишана туку дека треба да одигра без притисок, да биде мотивирана, да го покаже најдоброто и да сонува сензација.

Селекторот Кирил Лазаров упати предупредување до ривалите на вчерашната средба со новинарите, дека Македонија може да казни ако биде потценета. Во овој ростер има искусни ракометари со неколку големи натпреварувања зад себе, но и млади играчи кои полека се наметнуваат како идни лидери и ја чекаат својата шанса да блеснат на најголемата сцена.

Македонија на последните две Европски првенства има само една победа и тоа во 2020 година против Украина, а на претходниот турнир во Унгарија и Словачка имавме три порази во групата од Словенија, Црна Гора и Данска.

На овој континентален собир ќе биде исклучително тешко да се победи со оглед дека во групата А освен Франција, за ривали ги имаме Германија и Швајцарија. Можеби нашата најголема шанса за позитивен резултат е Швајцарија во последното коло, но и тоа е тим, кој во последните години сериозно напредува и е составен од играчи кои играат во најсилната светска лига, Бундеслигата.

По денешниот натпревар со Франција, нашиот тим потоа се сели во Берлин, каде ќе ги играме следните два натпревари. На 14.јануари против Германија, а два дена подоцна и со Швајцарија. За потсетување, во главната фаза на турнирот пласман ќе обезбедат само првите две репрезентации од групата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе