Вести Економија Топ вести

ЕСМ со најголема загуба, актуелниот М-НАВ со голем ќар

ЕСМ со најголема загуба од акционерските друштва и јавни претпријатија. Минусот на државните електрани во третиот квартал лани изнесува над 6 милиони евра, односно во месеците јули, август и септември. Ова го покажува најновиот извештај на Министерството за финансии кој се однесува на работењето на јавниот сектор.

Оваа компанија  во првите два квартали од минатата година работело позитивно, но потоа работата тргнала на лошо.  Ги прашавме и во електрани зошто во овој период лани компанијата направила ваков минус? Дали се уште добива субвенции од Владата?  Но, одговор до објавување на прилогот  не добивме.

ЕСМ изминатиот период беше интерес за јавноста затоа што компанијата на неколку страни во весниците објави огласи за вработување на над 500 лица. Од таму соопштија  дека тие се потребни затоа што за период од неколку години многумина си заминале.

Исто така поради кризата ЕСМ извесен период добиваше пари од буџетот за да може да работи.

Освен оваа енергетска компанија во третиот квартал лани загуба направил и МЕПСО од 1, 5 милиони евра. Исто како и ЕСМ и преносниот систем во првата половина лани работел позитивно.

На листата на финансии, можат да се видат компании кои редовно се во минус.

МЖ Инфраструктура е веднаш по ЕСМ, со загуба од над 3 милиони евра. Тука е МЖ Транспорт, претпријатието кои со години е во финансиски проблеми. Третиот квартал македонската железница го заврши со минус од близу 3 милиони евра.

Ова претпријатие дојде и до ситуација да остане без електрична енергија поради неплатени сметки. Пред извесно време владата направи и  нов дотур на пари таму од над 15 милиони евра за да може Транспорт да ги врати долговите за електрична енергија и да подели плати.  На списокот е и ТЕЦ Неготино со минус од  над 2 милиони евра-  најголем минатата година.

Но,  можат да се видат и оние со добри заработки. Со најголема е Јавното претпријатие за државни патишта од околу 16 милиони евра.  Тука е и Државна лотарија, но и М- НАВ,  институцијата која изминатиот период е со бројни инциденти. Македонската навигација третиот квартал лани го завршила со добивка од 3, 7 милиони евра. Оваа институција е посакувана заради високите плати.

Ирена Чачкова

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе