Кошарка Спорт

Бостон без Тејтум загуби во Индијана (ВИДЕО)

Најдобриот тим во НБА-лигата, Бостон утринава загуби во дербито на Источната конференција од Индијана со 133-131.

Бенедикт Матурин постигна 26 поени за Пејсерс меѓу кои и одлучувачките слободни фрлања на 0,6 секунди до крајот. Домашниот тим остана без првата ѕвезда Тајрис Халибартон, кој се повреди во текот на натпреварот. Селтикс играа без првата ѕвезда Џејсон Тејтум, па ниту 40-те поени на Џејлен Браун не беа доволни за победа.

Милвоки го запиша четвртиот пораз на последните пет средби и тоа од Јута со 116-132 на домашен паркет. Џордан Кларксон и Лаури Марканен постигнаа по 21 поен за Џез, додека кај Бакс, Јанис Адетокумпо оствари трипл-дабл со 25 поени, 10 скока и 11 асистенции.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот – Чикаго 112-119 (продолженија)
Вашингтон – Оклахома 128-136
Мајами – Хјустон 120-113
ЛА Клиперс – Феникс 138-111

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе