Спорт Фудбал

Почина легендарниот Марио Загало на 92.години

Бразилската фудбалска легенда Марио Загало, кој освои четири титули светски првак со „кариоките“ починал на 92-годишна возраст.

Загало е единствениот човек во историјата на фудбалот што бил дел од четири титули светски првак. Тој беше првотимец на репрезентацијата, кога оваа јужнамериканска земја ги освои титулите на Мундијалите во 1958 и 1962 година. Потоа беше селектор на Бразил при освојувањето на титулата во 1970 година со генерација предводена од играчи како Пеле, Жарзињо и Карлос Алберто.

Загало потоа беше дел од стручниот штаб во 1994 година на СП во САД, кога Бразил ја освои титулата,  тој беше помошник на селекторот Карлос Алберто Пареира. Во 1998 година повторно беше селектор и ги одведе „кариоките“ до финалето, но го загубија мечот за титулата од Франција со 3-0 во Париз.

Тој беше првиот човек во историјата на фудбалот што го имаше освоено Светското првенство како играч и како селектор, достигнување што подоцна го повторија и Франц Бекенбауер и Дидие Дешамп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе