Вести Економија Топ вести

Нема пари во Буџетот за зголемување на платите на функционерите во 2024 година, тврди Бесими

Нема пари во Буџетот за зголемување на платите на функционерите во 2024 година, дециден е министерот за финансии Фатмир Бесими.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција, Бесими рече дека во Буџетот не се планирани пари за зголемување на платите на избраните и именуваните лица согласно со законското усогласување.

Нема пари во Буџетот за зголемување на платите на функционерите во 2024 година. Тоа значи дека тоа е одраз на политиката што ја најави Владата дека ќе има интервенции во законот тоа да не се случи во 2024 година. Нема пари за дополнителното зголемување според законот каде што секоја година им следи зголемување согласно усогласувањето со просечната плата. Нема пари во Буџетот планирани за дополнително зголемување на платите на функционери и именувани лица, рече Бесими.

Во однос на огласите за вработување во државните институции, Бесими рече дека има одлив на кадар во институциите и дека испразнетите места треба да се пополнат. Согласно заклучок на Влада дозволена е и трансформација на работниот однос од определено на неопределено време, но тоа да биде во рамки на предвидениот буџет на институцијата.

Имаше заклучок на Влада, а потоа и одлука што се спроведуваше во сите институции, во рамки на буџетот, на исто ниво на плати, тие што беа со определено време повеќе од две години да можат да добијат статус на редовен работен однос, но тоа да се спроведе преку јавен оглас на конкурентен начин, појасни Бесими.

За Министерството со кое раководи, посочи дека секоја година има значителен одлив на кадат, Така, во 2021 година заминале 56 лица од Министерството, во 2022 година 67 лица, а лани околу 40 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе