Вести Македонија Топ вести

Полицијата го повика претседателот на синдикатот на контролори на летање да даде изјава

Претседателот на синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски денеска бил повикан да даде изјава во полиција, откако раководството на македонската навигација поднело пријава дека од него се чувствуваат загрозени по безбедноста, потврди Тасевски во телефонски разговор за Телма.

Тој објаснува дека пријавата поради преписка на е-маил за која тврди дека извадена од контекст, а со која може да се врши притисок врз претседателот на синдикатот.

Повеќе информации Тасевски најави за утре, кога ќе одржи прес-конференција.

Синдикатот на контролорите на летање неколку пати досега обвини дека во агенцијата се вработуваат несоодветни кадри. Претходно, раководители на инженерски сектори поднесоа оставки на функциите, поради несогласување со начинот на кој биле вработени последните кадри кои избегнале тестирање.

Извршниот директор на М-НАВ, Фахрудин Хамиди тогаш изјави дека нема политички влијанија, а дека кандидатите се примени по истата процедура како и на претходните огласи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зголемено нивото на браната Калиманци- Оризопроизводителите се жалат дека дел од каналите за наводнување се неисчистени

Дејан Дејан

Мицотакис: Отстапувањето од Преспанскиот договорот ќе има последици на европскиот пат на Северна Македонија

Дејан Дејан

Во Србија уапес човек од Сомбор поради закани кон Вучиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе