Ракомет Спорт

Ракометарите од денеска работат со полна пареа во Скопје

Македонската ракометна репрезентација по двата дена пауза поради Нова Година од денеска повторно продолжи со подготовките за претстојното Европско првенство во Германија. Нашиот тим сега го очекуваат и последните две контроли пред настапот на турнирот.

Првата фаза од подготовките ракометарите ја одработија во Стара Пазова во Србија, каде одиграа и еден контролен натпревар. Ја совладавме Црна Гора во дуел што се одигра 90 минути, односно три полувремиња. Стручниот штаб предводен од селекторот Кирил Лазаров стави акцент на физичката подготовка, а сега во Скопје ќе се работи повеќе на тактички план и ќе се воигрува тимот.

Ни следуваат два натпревари со Грција, првиот е на 4.јануари во „Борис Трајковски“ во Скопје од 17 часот, кој ќе биде отворен за навивачите, додека вториот дуел со јужниот сосед е следниот ден, но тој ќе биде од затворен тип.

Македонија за Европското првенство заминува на 8.јануари, а два дена подоцна го играме првиот дуел на турнирот со Франција на стадион во Дизелдорф. Потоа тимот ќе се пресели во Берлин, каде на 14.јануари играме со домаќинот Германија, а два дена подоцна ќе се соочиме со Швајцарија на последниот натпревар од групата А на континенталниот турнир.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на газдата на Фенербахче го почнал инцидентот по мечот со Монако (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Ферстапен најбрз на спринт-квалификациите во Мајами

Дејан Дејан

МЗТ не се предава предвреме: Ќе бара изненадување во Суботица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе