Виктор Линделоф ќе остане во редовите на Манчестер јунајте до јуни 2025 година откако клубот ја активираше клаузулата за продолжување на соработката на уште една сезона.
Актуелниот договор на Швеѓанецот со „ѓаволите“ истекуваше во претстојното лето, но менаџерот Ерик тен Хаг инсистираше стоперот да остане во клубот. Оваа сезона Линделоф има најмногу настапи од сите стопери, вкупно 18 во сите конкуренции.
Дефанзивецот игра за Манчестер јунајтед уште од 2017 година, кога дојде од Бенфика за 31 милион фунти.
