Кошарка Спорт

Лејкерс никако да влезат во форма, Бостон гази се пред себе (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс запишаа два порази во две вечери. По вчерашниот од Минесота, Лејкерс утринава загубија и од Њу Орлеанс со 129-109. Тоа беше седмиот пораз на последните девет натпревари за тимот од Лос Анџелес.

Леброн Џејмс постигна 34 поени, а Ентони Дејвис имаше 20 поени и 10 скока, но останатите играчи на тимот беа под нивото. Зајон Вилијамсон и Брендон Инграм имаа по 26 поени за Пеликанс.

Бостон ја продолжи серијата победи на шест натпревари откако славеше на гостувањето кај Сан Антонио со 134-101. Џејсон Тејтум со 25 поени и Џејлен Браун со 24 ги предводеа Селтикс, додека Девин Васел со 22 поени и Виктор Вембањама со 21 беа најефикасни кај Спарс.

Тре Јанг постигна 40 поени за Атланта во победата од 130-126 во Вашингтон, Оклахома беше подобра од Бруклин, а победи остварија и Сакраменто на гости кај Мемфис и Феникс против Орландо.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе