Вести Економија Топ вести

По втор пат ќе се продолжи рокот за изградбата на автопатот Кичево – Охрид

Ќе се продолжи рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид. Рокот за изградба е пробиен, а владата ги овласти вицепремиерот Битиќи, министерот за транспорт Бочварски, и директорот на државни патишта Рустеми да почнат преговори со кинеската Синехидро за нов анкес на договорот со продолжен рок на изградба.

Додека траат преговорите, изградбата на патот ќе продолжи со користење на веќе обезбедени средства. Одлуката е донесена, по извештаите на експертите и на надзорите, според кои, има потреба од продолжување на крајниот рок за изведба на градежните работи на овој автопат.

Експертите го зеле предвид фактот за досега реализираниот висок степен на физички извршените работи и решени отворени прашања.

Актуелната влада останува на ставот дека патот е приоритет, но ја повтори и оценката дека првичниот проект на владата на Груевски имал бројни пропусти во проектирањето.

Проектот за изградба на автопатот Кичево – Охрид трае подолго од една деценија, а досега чини околу 600 милиони евра. Досега веќе вторпат се пробива крајниот рок за изградба, а на трасата на патот повторно се појавија 11 нови свлечишта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе