Кошарка Спорт

Дончиќ блескаше, но Кливленд се врати од -20 за да слави против Далас (ВИДЕО)

Кливленд и со ослабен ростер без првата ѕвезда Донован Мичел успеа да слави на гостувањето кај Далас со 110-113.

Кавалирс имаа негатива од 20 поени, но во последниот период направија пресврт за победа. Лука Дончиќ имаше 39 поени за Маверикс, а кај гостите Карис Леверт имаше 29 поени, додека Џеред Ален запиша 24 поени и 23 скока.

Јанис Адетокумпо со 32 поени и 10 скока го водеше Милвоки до триумф од 144-122 на гостувањето кај Бруклин. Оклахома со 129-120 беше подобра од Њујорк, Феникс славеше на гости кај Хјустон со 129-113, а гостински победи остварија и Филаделфија во Орландо и Торонто кај Вашингтон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе