Вести Економија Топ вести

ДКСК со иницијатива за кривично гонење на поранешен директор на ЕСМ – злоупотребил положба за набавката на мазут

Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе иницијатива до Обвинителството за гонење организиран криминал за кривично гонење на поранешен директор на ЕСМ, како и за службени лица во Министерството за економија и во ЕСМ, за тендерот за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Посочените лица биле членови на Комисијата за јавни набавки за тендерот за мазут од 212 милиони евра, кој го доби фирмата РКМ на Ратко Капушевски. Членот на Комисијата Горан Трпеноски, кој го работеше случајот, вели дека постојат сомнежи дека функционерите ја злоупотребиле службената должност и предизвикале криза и пораст на цената на мазутот, со што му овозможиле поголем профит на РКМ. Постојат сомнежи за монополско здружување, затајување на данок и други кривични дела.

За нивните сомнежи ќе ја известат владата, Комисијата за заштита на конкуренција, Регулаторна комисија за енергетика, УЈП и Финансиската полиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе