Вести Економија Македонија Топ вести

На кој му одговараат условите нека се пријави – Бектеши категоричен нема да се менува ништо во повикот за Универзален снабдувач, но и за Чебрен

Нема да се менуваат ниту условите за избор на Универзален снабдувач, ниту пак за Чебрен, уверува министерот за економија Бектеши. Неофицијално Телма дознава дека одредени групи лобирале да се направат промени  во условите на тендерот за да може да се јават одредени  фирми. Бектеши  не кажа дали имало ваков обид, но уверува дека условите и критериумите  кои се веќе објавени нема да се менуваат. Ги повика сите кои сметаат дека ги исполнуваат  да се пријават. Инаку, новиот снабдувач на домаќинствата со струја, ќе ја преземе работата од јуни догодина.

-Измени во јавниот повик не  може да се случат, тие се прецизирани, а важно е дека главната измена кога се објави повикот беше  дека не може да се дава процент на профитна маржа над 11 , 5 отсто како што е сега. Тој процент ќе биде под 10 отсто, вели Крешник Бектеши, министер за економија   

Оние кои сакаат да се јават на повикот имаат рок до 12 јануари да ги достават потребните документи. Претходно Телма објави дека освен сегашниот снабдувач ЕВН ХОУМ и ЕСМ Продажба, интерес да се јават има и познатиот трговец со струја ЕДС, но со поддржа од матичната фирма, државната компанија за производство на енергија ППЦ, од каде се чека согласност. Интерес имало и од други странски фирми. Инаку, ППЦ е компанијата со која државата се уште преговара околу договорот за изградба на ХЕЦ Чебрен. Грчката компанија иако се жалеше на условите, Бектеши дециден како и за универзален така и во повикот на Чебрен нема да има измени.

-Ние одлучивме, ништо да не се менува. Ниту тука кај Чебрен. Ако компанијата се согласува со условите во јавниот повик има рок до 31 декември, а ако не се согласува тогаш секако дека ќе се активира банкарската гаранција, затоа што таа е дадена согласно првичните критериумите кога беше објавен јавниот повик, додаде Бектеши

Здружението на инженерите пак повторно со претставка. Овој пат до претседателот Пендаровски од кој се бара да се стопира процесот, а со тоа и повредата на јавниот интерес.

Без разлика што грчки компанија освен што сака да ја гради една од најголемите централи во земјава Чебрен, а од друга страна е заинтересирана да биде дел и од повикот за нов Универзален, Бектеши не се согласува со тоа дека има инвазија од грчки фирми во енергетскиот сектор.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе