Спорт Фудбал

Вилјареал даде „зелено светло“: Габија се враќа во Милан

Милан има сериозни проблеми со повредени фудбалери во дефанзивата, па во јануарскиот преоден рок планира да доведе двајца стопери. Прв што ќе дојде на „Сан Сиро“ е Матео Габија. Италијанецот всушност ќе се врати од позајмицата од Вилјареал, каде замина изминатото лето.

Втор на листата на желби на „росонерите“ е Клеман Ленгле од Астон Вила. Французинот нема голема минутажа во премиерлигашот, па би можел да му помогне на Милан да ја надмине дефанзивната криза.

Тренерот Стефано Пиоли на располагање има само двајца здрави стопери, ветеранот Симон Кјер и тинејџерот Јан Карло Симиќ. Повредени се Фикајо Томори, Пјер Калулу и Малик Чау.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Арсенал го продава Габриел Жесус, прави место за ѕвезда од Серија А

Дејан Дејан

Баерн Минхен доби нова „корпа“ ниту Рангник не сака да седне на клупата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе