Спорт Фудбал

ПСЖ договори уште едно засилување од Бразил

Големиот бразилски талент Габриел Москардо ќе го засили ПСЖ во зимскиот преоден рок. Се работи за 18-годишен фудбалер, кој игра во средниот ред.

Францускиот тим ќе му плати на Коринтијанс обештетување од 20 милиони евра, плус два милиони во бонуси. Се очекува Москардо наскоро да пристигне во Париз да ги финализира деталите околу неговиот договор.

Пред само неколку денови ПСЖ договори уште еден голем бразилски талент, а тоа е стоперот Лукас Бералдо од Сао Пауло.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе