Вести Економија Македонија Топ вести

Католичкиот Божиќ ја урна цената на струјата на берзите

На унгарската берза ХУПЕКС,  може да се види дека денеска во пикот цената е речиси 6 евра за мегават час. Според, познавачите вакви ниски суми може да се очекуваат до Нова Година, па потоа да има раст.

-Во католичкиот свет до Нова Година, традиционално не работи буквално ништо во индустријата. Понудата е голема, а побарувачката мала и затоа цените се такви какви што се на берзата. Ова е вообичаено за овој период од годината кога во католичките земји се прославува најголемиот христијански празник, што може да се види од историските податоци. По Нова Година очекувам дека цената постепено ќе порасне и ќе дојде до оние максимуми кои ги имавме во изминатите месеци, вели за Телма директорот на македонската берза на електрична енергија МЕМО, Симон Шутиновски.

Просечната цена пак за месец декември според ХУПЕКС е околу 92 евра за мегават час и таа е меѓу пониските за годинава.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе