Вести Економија Топ вести

Експерти: Крајно време е земјава да добие Министерство за енергетика, кое ќе го водат стручни кадри

Експертите, енергетичарите, регулаторите, сите сметаат дека земјава е крајно време  да добие  Министерство за енергетика. Но, до сега ниту една Влада не го направи тоа.

Дел од познавачите велат дека со конфликтот во Украина се виде дека енергетската безбедност е една од најважните. Дека без тоа нема економија, напредок и просперитет.

Сите наши соседи имаат министерства за енергетика а да не зборувам за ЕУ. Се надевам дека и Македонија ќе добие министерство за енергетика кое ќе биде управувано исклучително од квалитетни кадри кои ќе направат нешто за Македонија бидејќи нашите енергетски капацитети се од СФРЈ, вели за Телма Сања Божиновскам, експерт по енергетика

Други пак сметаат дека треба или да се формира вакво Министерство или Агенцијата за енергетика да стане активна.

-Ако ја видите нашата историја ние некако имаме некој чудни одлуки правиме добро во еден сектор но повеќе штети во друг сектор. Мора да имаме одлуки за инвестирање во сите сектори во нашето општество инаку ќе останеме на она ниво  на кое сме денеска, вели професорот Абил Бауш.

И поранешниот советник за енергетика во Владата, Виктор Андонов кој сега е директор на секторот за инвестиции и развој во ЕСМ со ист став. Вели дека креирањето на ново Министерство за енергетика и клима ќе биде неопходно.

Не очекува зелена транзиција на македонската економија, со цел нејзина декарбонизација и прилагодување на мерките и условите кои Европската комисија ги воведува со цел исполнување на Зелениот Договор. Очекувам 3 те милијарди евра кои ги потпишавме  за праведна енергетска транзиција, да бидат само почеток на процесот, а новоформираното министерство за енергија и клима успешно да ја спроведе неопходната транзиција, Виктор Андонов, директор на сектор за инвестиции и развој во ЕСМ.

И од Регулаторна бараат секторот енергетика да добие свое министерство. Во моментов  е во рацете на Министерството за економија, а одредени проекти како што е сега Чебрен, под животна средина.

Во регионот во дел од земјите одамна функционира. Некои од скоро го добија. Кај нас се зборува со години, но досега никој не одлучи да го формира.

Останува да се види дали новата Влада ќе има желба да го формира ова министерство, или енергетиката која е важен сектор за една држава и натаму нема да има своја институција.

Енергетиката во државава функционира со централи стари и по неколку децении. Некој од нив  и со денови не произведуваат струја поради дефекти.  Проблемите кои се настанати заради  тоа што со години во овој сектор е вложувано  многу малку, најмногу се покажаа за време на енергетската криза која се уште се чувствува.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе