Вести Економија Македонија Топ вести

Дали со новиот начин на вработување во јавниот сектор, администрацијата ќе добие професионалци или повторно партиски кадри

Дел од експертите се сомневаат дека  со новината финансии повеќе да не става потпис за секое вработување во јавен сектор, ќе се искоренат партиските вработувања.  Може би со измената министрите ќе станат подобри менаџери и подобро ќе планираат, но со тоа што ова се случува токму пред избори се отвара сомнеж дека може би има некоја заднина.

-Министрите ќе станат може би подобри менаџери и подобро ќе се планира, но она што не ми се допаѓа е автономијата на овие министри e веќе позната, ќе се случи да не се реализираат капитални инвестиции, кадарот внатре нема да биде унапреден а тоа ни е потребно да се реформира администрацијата , и гледајќи дека сме пред избори ова ми личи некако како маркетиншки трик затоа што одговорноста на министерот за финансии се префрла кај останатите и тие ќе вработуваат и повторно ќе ја натрупаат, вели професорот Абил Бауш.

Смета дека колку и да се сака со ваквата измена да се направи добро, сепак  таа е конфузна, нејасна и со неа се брза. Скептицизмот ќе остане присутен и повторно нема да има доверба дека администрацијата ќе го добие потребниот стручен кадар, затоа што најголем дел до тие луѓе се веќе заминати надвор и тоа не може да се поправи за еден ден.

– За жал кај нас партиското вработување е пракса. Не викам дека партиите немаат добар кадар, но во овие кризни моменти мора да се најде добар, професионален и стручен кадар кој му е потребен на администрацијата за да се поместат работите, додава Бауш.

Министерот Бесими вчера соопшти дека од први јануари наместо финансии, секој министер и одговорно лице на институцијата сами ќе одлучуваат за вработувањата на потребите лица. Министерствата, јавните претпријатија, агенциите, општините  ќе го прават и годишниот план за вработување кој потоа треба да биде одобрен од оној под чија капа влегуваат. Ако некој од нив вработи  повеќе отколку што е предвидено ќе одговараат кривично. Бесими е убеден дека  со ова наместо хаос, ќе се стави ред во јавниот сектор.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе