Спорт Фудбал

Првиот човек на Наполи потврди: Го продадовме Елмас во Лајпциг

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас наскоро ќе биде промовиран во нов фудбалер на Лајпциг. Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис потврди дека нашиот интернационалец е продаден.

Елмас ќе се пресели од Наполи во Лајпциг за обештетување од 25 милиони евра и се очекува да потпише договор до јуни 2028 година со бундеслигашот. Иако лани беше еден од клучните играчи на тренерот Лучијано Спалети во освојувањето на скудетото во Серија А, оваа сезона Македонецот има далеку помала минутажа и кај Руди Гарсија на стартот на сезоната и сега кај новиот тренер Валтер Мацари.

Првиот човек на Наполи, Де Лаурентис го потврди трансферот и објасни зошто Елмас го напушта стадионот „Диего Армандо Марадона“.

„Ние го продадовме Елмас, зделката е завршена. Тој секогаш сака да игра па затоа решивме да го пуштиме. Елмас не можеше да разбере дека можеш да биде стартер иако не ги играш сите минути“, рече претсдателот на италијанскиот клуб. 

Елмас беше дел од Наполи од летото 2019 година, кога се пресели од Фенербахче за 14 милиони евра. Во македонското првенство тој играше за Работнички, а потекнува од фудбалската школа „Форца“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе