Кошарка Спорт

МЗТ Скопје поразен од Спартак Суботица по очајната трета четвртина

МЗТ Скопје го загуби дербито со Спартак Суботица со 81-86 на последниот натпревар од 7.коло на турнирот во Широки Бријег во рамки на АБА2-лигата. По трите победи по ред, нашиот првак денеска наиде на расположен ривал, кој сега е на делба на врвот на табелата со Златибор и Широки.

Тимот од Суботица водеше во текот на целиот натпревар, но се чини клучната предност ја направи во третиот период. МЗТ одигра слаби минути во четвртината па српскиот тим имаше серија од три тројки по ред по што дојде до највисоката предност од 20 поени разлика.

Во продолжението, „аеродромци“ се обидуваа да се вратат во игра. Ја намалија негативата, но немаа никакви шанси за сензационален пресврт, па на крајот загубија со достојни 81-86.

Филип Барна со 20 поени и поранешниот играч на МЗТ, Андрија Бојиќ со 18 поени беа најефикасни кај Спартак, додека кај нашиот тим најпрецизен беше Седрик Расел со 16 поени, а Војдан Стојановски имаше поен помалку.

МЗТ по седум натпревари се наоѓа на 5.позиција на табелата со скор од 4-3. Следниот натпревар на македонскиот првак во АБА2 е на 30 јануари против Шенчур.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе