Вести Економија Најважни Топ вести

Бесими обврската за вработување во јавен сектор ја префрла на своите колеги, оној кој ќе вработи повеќе од планот кривично ќе одговара

Министерот Бесими обврската за вработувања во јавниот сектор ја префрла кај неговите колеги министри и останатите одговорни лица на институции. Од јануари финансии повеќе нема да дава согласност за тоа. Ова го соопшти првиот финансиер на брифинг со новинарите.  Секое министерство, претпријатие, акционерско друштво,  агенција, општина сама ќе го прави планот за вработување кој потоа ќе треба да биде одобрен од институцијата под која се води. Оној кој ќе вработи повеќе и ќе го надмине буџетот за тоа, кривично ќе одговара. За секој оглас министрите и останатите одговорни лица ќе треба да пополнуваат изјава која ќе треба да ја достават или до Агенцијата за вработување или до Агенција за администрација во зависност од тоа каде ќе биде објавен. За секој оглас ќе треба да потпишуваат нова изјава. Институции пак кои се во загуба ако имаат потреба од вработувања, одлука за тоа ќе носи Владата.

Имало ситуации за жал се јавуваат дека имаат пратено барање за согласност за 10 вработувања, а немаат пари за сите.  Но двајца многу им биле важни. Јас не можам во финансии да правам овој може да се вработи, а друг не. Со ова се децентрализира процесот на вработување во јавниот сектор. Ќе се врши врз основа на одобрен план за вработување во буџетскиот корисник или институцијата и врз основа на изгласаниот Буџет во Собранието, рече минисетерот Бесими на брифинг со новинарите во министреството за финансии.

Бесими е сигурен дека со оваа новина нема да се случи цунами од вработувања во јавниот сектор, туку дека ќе се стави ред. За измената веќе ги известил своите колеги министри и нивната реакција била изненадувачка.   Во изминатиот период има низа огласи за вработувања во јавниот сектор. ЕСМ на пример има потреба од над 550 лица. Бесими тврди дека станува збор за лица кои биле со договор повеќе од две години.

-Сите што беа со договори на определено и во ставка плати и  повеќе од две години се констатира дека требаат и сите институции почнаа процес за неопределено. Но,сите министри во Влада требаа да ја образложат потребата, додаде Бесими.

Иако, новата измена, но и моменталните вработувања во јавниот сектор се прават на само неколку месец пред да се одржат изборите, Бесими тврди дека не се поврзани со тоа.

Дел од познавачите пак прашуваа ако вработувањата се прават заради голем одлив на кадар, зошто тоа не го забележале претходно,  не го стопирале и зошто дури сега се вработуваат потребите лица.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе