Вести Економија Најважни Топ вести

Се полни јавниот сектор, ЕСМ вработува 500 лица, се бараат луѓе и во министерствата, општините, агенциите, јавните претпријатија

Цунами од вработување во ЕСМ. Државните електрани ќе вдомат над 500 лица. Огласите  опишани низ шест страници, во весниците. Се бара кадар за Осломеј, РЕК Битола, за ХЕЦ Црн Дрим-  Струга. Се трага по хигиеничари,  хаус- мајстори, курири, возачи, технички секретари, па се до инженери, електричари, сметководители.

Платите различни. Во зависност од позицијата, се движат од 30 илјади , па до речиси 60 илјади денари. Се бараат  лица и со средно, но и со високо образование.

Ги прашавме во ЕСМ зошто токму сега ЕСМ има потреба од толкав број на работници. Но, од таму одговор не добивме.

Паралелно се полни и јавниот сектор. На сајтот на  Агенција за администрација има огласи за стотици нови вработувања. Се бара кадар за во Јавните претпријатија, министерствата, во Агенцијата за странски инвестиции, во агенцијата за примена на јазикот, а дузина огласи има и за вработување во Општините. Но, најсреќен ќе биде оној кој ќе влезе во АЕК, каде се нуди плата од речиси 90 илјади денари.

Интересно е што  ваквите огласи се јавуваат токму пред избори. А во ЕСМ и во време кога се уште се чувствува енергетската криза и кога капацитетите на електрани работата со проблеми. Сепак, министерот за информатичко општество Алиу за кое исто така се бара кадар за работа не ги поврзува вработувањата со изборите. Бил на пат и не знае не ги знае точно бројките, но смета дека  вработувањата се поради тоа што голем број од луѓе одат во пензија.

-Треба да имате во предвид дека има луѓе кои заминуваат од јавен  во приватен сектор  но одат и  во пензија. Дали има зголемување не сум сигурен. Да бидам искрен бев на пат  и не сум запознаен со бројката,  знам дека тие процеси се континуирани се отвораат огласи, вели Азир Алиу,  министер за информатичко општество и администрација

Освен вработувања  во предизборниот период може да се забележи дека дневно по неколку известувања пристигнуваат од општините за тоа што направиле и модернизирале. А власта и опозицијата се натпреваруваат кој повеќе пари ќе даде за нив.

Инаку, во речиси сите извештаи на Европската комисија една од препораките беше да се речат проблемите со гломазната администрација, но досега тоа не се случи. Се најавуваат и реформи со која таа треба да стане и поефикасна.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе