Спорт Фудбал

Ретклиф почнал преговори за Потер

Новиот малцински сопственик во Манчестер Јунајтед, кој ќе има клучна улога во трансфер политиката на клубот, Џим Ретклиф имал средба со Грем Потер, кој по овој состанок се смета за најсериозен кандидат за нов менаџер на клубот од Олд Трафорд.

Британскиот милијардер и сопственик на компанијата ИНЕОС официјално ќе ја преземе оваа улога на почеток од следната година, но Ретклиф очигледно не сака ништо да препушти на случајноста и веќе го подготвува теренот за смена на актуелниот менаџер Ерик Тен Хаг.

Покрај Потер како еден од кандидатите за наследник на Холанѓанецот се потенцира Јулен Лопетеги, но предност има поранешниот предводник на Брајтон и Челзи бидејќи Ретклиф често потенцира дека сака на чело на екипата да дојде тренер од Островот.

Потер во моментов е без ангажман откако во ноември минатата година доби отказ во Челзи, а на клупата на тимот од Стемфорд Бриџ дојде неколку месеци претходно по смената на Томас Тухел.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе