Кошарка Спорт

Дрејмонд Грин доби суспензија од НБА на неодредено време

Дрејмонд Грин ќе биде надвор од паркетот во НБА-лигата на неодредено време откако заработи суспензија поради насилничко однесување.

Тој во средата наутро беше исклучен поради тоа што го удри Јусуф Нуркиќ за време на натпреварот помеѓу Голден Стејт и Феникс. Тоа беше трето исклучување оваа сезона за Грин по што лигата реши да го суспендира на неодредено време.

Прво на 11 ноември заработи две технички грешки на дуелот со Кливленд што значеше исклучување, а само три дена подоцна беше исклучен поради тоа што го фати за врат Руди Гобер од Минесота. Тогаш НБА-лигата му одреди казна од пет натпревари, а сега по третиот испад сезонава реши да го суспендира на неодредено време.

Се очекува претставници на Голден Стејт и неговиот агент да имаат состанок со челниците на НБА-лигата околу неговата казна. Најверојатно Грин ќе мора да оди на терапија за справување со гневот, а шпекупациите се дека може да пропушти голем дел од сезоната.

На Грин ќе му бидат одбиени 153.000 долари од платата за секој натпревар што ќе го пропушти ако добие казна помалку од 20 натпревари, а ако казната е поголема тогаш, ќе мора да плаќа по 202.000 долари за секој пропуштен натпревар.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе