Кошарка Спорт

Адетокумпо оствари клупски рекорд од 64 поени против Индијана (ВИДЕО)

Јанис Адетокумпо постигна неверојатни 64 поени во победата на Милвоки од 140-126 против Индијана. Грчкиот кошаркар го сруши тимскиот рекорд претходно поставен од 57 поени претходно поставен од Мајкл Ред во 2006 година. Интересно Пејсерс станаа вистински пациенти на Адетокумпо, бидејќи на 9.ноември постигна 54 поени против овој тим. Можеби затоа по завршувањето на мечот гостинските кошаркари ја украдоа топката, која Адетокумпо сакаше да ја задржи како сувенир од неговиот неверојатен настап.

Лос Анџелес лејкерс без Леброн Џејмс во составот славеа на гости кај Сан Антонио со 122-119. Ентони Дејвис ја презеде одговорноста со 37 поени и 10 скока, додека Виктор Вембањама кај Спарс имаше 30 поени и 13 скока.

Филаделфија му го нанесе на Детроит 21.пораз по ред во лигата со 129-111 на гостински паркет. Жоел Ембид имаше 41 поен и 11 скока за Сиксерс. Кај Пистонс најдобар беше Бојан Богдановиќ со 33 поени.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Вашингтон – Њу Орлеанс 122-142
Мајами – Шарлот 115-104
Торонто – Атланта 135-128
Хјустон – Мемфис 117-104
Феникс – Бруклин 112-116
Јута – Њујорк 117-113

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе