Ферплеј

Фер-плеј со Јана С03ЕП11 – Дарио Ивановски, национален рекорд во маратон

Македонија има нов национален рекорд во маратон со резултат 2:11:53 кој го постигна Дарио Ивановски, на маратонот во Валенсија кој се одржа минатиот викенд.
Со овој успех, Дарио за цели седум минути го подобри досегашниот рекорд, кој исто така беше во негова сопственост.
Какво беше деветгодишното патешествие на Дарио и неговиот тренер Игор Јакимовски до постигнување на овој историски резултат за македонската атлетика?
Каква беше конкуренцијата, атмосферата и трката во Валенсија?
Кои ќе бидат следните предизвици за Дарио и дали/кој ќе го наследи во Македонија?
Наши гости во студиото се тренерот Игор Јакимовски и атлетичарката Теа Божиновска.
Гледајте „Фер-плеј со Јана“ во недела во 16:15 на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФЕР-ПЛЕЈ со Јана С03ЕП23 – ЖЕНСКА ТРКА

Дејан Дејан

ФЕР-ПЛЕЈ со Јана С03ЕП22 – Кошаркарски ФИБА Судии

Дејан Дејан

Фер-плеј со Јана С03ЕП21 – Ева Милевска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе