Спорт Тенис

АТП ги објави номинациите за најдобрите во 2023 година

По завршувањето на сезоната АТП ги објави листите на номинирани кандидати за доделување на наградите за годинава што изминува.

Во конкуренција за најдобар тренер се наоѓаат Горан Иванишевиќ, кој работи со светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, Хуан Карлос Фереро, тренерот на Карлос Алкараз, Дарен Кејхил и Симоне Вангоци (Јаник Синер), Крег Бојнтон (Хуберт Хуркач) и Брајан Шелтон (Бен Шелтон).

За спортски потег на годината или наградата Стефан Едберг, номинирани се Карлос Алкараз, Хуберт Хуркач, Григор Димитров и Јаник Синер.

За најголемо враќање во сезоната во конкуренција се Доминик Кепфер, Гаел Монфис, Јан Ленард Штруф и Александер Зверев додека во конкуренција за признанието Играч со најголем напредок се Матео Арналди, Кристофер Јубанкс, Бен Шелтон и Јаник Синер.

Во трката за признанието што му се доделува на тенисерот кој има статус ѕвезда во подем останаа Флавио Коболи, Артур Филс, Алекс Микелсен, Доминик Стрикер и Лука Ван Аше.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе