Вести Економија Македонија

Директорот на АЦВ Тунтев избран за потпретседател на ЕУРОКОНТРОЛ

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Томислав Тунтев, е избран за Потпретседател на Привремениот Совет на ЕУРОКОНТРОЛ, Европската организација за навигација, управување и безбедност на воздушниот сообраќај.

-Изборот беше извршен на 60-тото редовно заседание на Привремениот Совет, што се одржа на 28 ноември во седиштето на ЕУРОКОНТРОЛ во Брисел. Неговата кандидатура беше предложена од страна на српскиот Директорат за цивилно воздухопловство, како резултат на одличната меѓусебна соработка на цивилните воздухопловни власти од државите во регионот, соопштија од АЦВ.

Тунтев едногласно е избран за Потпретседател на Привремениот Совет од страна на сите присутни шефови на делегации – претставници од државите – членки на ЕУРОКОНТРОЛ. Директорот на АЦВ доби двегодишен мандат од 2024-2025 год.  и во тој период ќе биде дел од највисокото раководство на Привремениот Совет на ЕУРОКОНТРОЛ.

Привремениот Совет го сочинуваат над 140 претставници од 41 држава – членка на ЕУРОКОНТРОЛ и неколку придружни меѓународни институции и здруженија. Тоа е најголемото раководно тело, одговорно за имплементација на генералните политики на организацијата што ги утврдува Постојаната Комисија на ЕУРОКОНТРОЛ, во која членуваат министрите за транспорт од државите – членки.

ЕУРОКОНТРОЛ е најзначајната пан-европска цивилно-воена меѓународна организација, посветена на развојот и унапредувањето на воздухопловството во Европа. Во ЕУРОКОНТРОЛ членуваат 41 држава од европскиот континент.

Раководни тела се Привремениот Совет и Постојаната Комисија, а извршно тело е Агенцијата. Основана е во 1963 год. и оваа година го прослави големиот јубилеј – 60 години од нејзиното формирање. Македонија е членка на ЕУРОКОНТРОЛ од 1989 год.

-Изборот на Тунтев значи големо меѓународно признание за воздухопловно-транспортниот систем на Република Северна Македонија и за сите субјекти на македонската авиоиндустрија. Исто така, неговиот избор има големо значење и за останатите држави од регионот, затоа што тој е единствениот претставник од земјите на Југоисточна Европа во највисокото раководство на ЕУРОКОНТРОЛ, потенцираат пд Агенцијата за цивилно воздухопловство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе