Вести Економија

За сите по нешто – нов антикризен пакет од 662 милиони евра

Во антикризниот пакет се содржани 26 мерки наменети за најранливите категории граѓани, кои ќе бидат поддржани со 662 милиони евра. Мерките стартуваат од петок, први декември, објави премиерот Димитар Ковачевски кој, овој „одлично дизајниран пакет“ како што го оцени, го презентираше заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи и со министерот за финансии Фатмир Бесими. Парите се обезбедени од Буџетот, од сегашниот и од наредниот, а за оваа цел не се трошат средства од кредити, туку од даночните обврзници.

Опфатот на мерките е 120 илјади млади, над 74 илјади социјално ранливи, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, 540 илјади корисници на апликацијата „МојДДВ“, 600 илјади домаќинства и повеќе од 70 илјади компании.

Мерките се направени за граѓаните, а не за изборите, како што се водени и досега економските политики, тврди Ковачевски, додавајќи дека Владата е секогаш тука за да излезе во пресрет каде што има потреба.

Над 105.000 основци и средношколци во наредните шест месеци ќе добиваат по 1.200, односно 1.800 денари секој месец, за што ќе се одвојат 14,3 милиони евра. А, околу 15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање ќе добијат ваучер за превоз. Тие им следуваат во наредните седум месеци, а износот ќе се движи од 600 до 1.200 денари. За оваа намена се предвидени два милиони евра.

Оваа мерка се однесува за учениците и студентите чии семејства располагаат со понизок вкупен приход од 50.000 денари.

Во наредниот петмесечен период помош им следи и на пензионерите – со примања до 14.000 ќе добиваат по 3.000 денари; со пензии од 14.000 до 16.000 денари – 2.000 денари, а оние со месечни од 16 до 19.000 денари – по 1.500 денари.

Исто така, пари се обезбедени и за самохраните и за родителите на деца со попреченост. Тие ќе добиваат по 2.000 денари месечно.

За зголемување, пак, на земјоделските производи, предвидена е авансна исплата на субвенции од вкупно 1,8 милиони евра преку ИПАРД програмата.

Повторно е во план и програма за енергетска сиромаштија за која се предвидени милион евра за над пет илјади семејства, 1,1 милион евра за 2.250 корисници, за инвестиции во енергетска ефикасност, како поддршка за ПВЦ, соларни системи… Исто така, ќе се продолжи и со мерките за субвенционирање на струјата и топлинската енергија за жителите на Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе