Вести Економија Македонија

Бислимовски во „Топ тема“: Универзалниот снабдувач е обврзан да примени тарифен систем кој е усогласен со измените на законот за енергетика

Универзалниот снабдувач со електрична енергија е обврзан да го примени тарифен систем, кој што е усогласен со измените на законот за енергетика, и да ги изврши пресметките за цените на електрична енергија кој треба да важат за универзалниот снабдувач, нагласи Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Тие пресметки, универзалниот снабдувач потоа ги доставува до Регулаторната комисија за енергетика и РКЕ, доколку има забелешки во однос на примената на тарифниот систем и начинот на кој што се извршени тие пресметки, носи посебна одлука и таа ја доставува до универзалниот снабдувач кој што е обврзан да ја примени. Крајните цени, наместо РКЕ, универзалниот снабдувач ќе ги објави со „Службен весник“. Тоа е концепт кој што е усогласен со европското законодавство и за првпат ќе го применуваме во Македонија“, рече Бислимовски.

Концепциски е, истакна Бислимовски, РКЕ ја носеше конечната одлука, а сега има еден чекор помеѓу, а тоа е проверка што доставил универзалниот снабдувач кој е обврзан да ги објави цените на блоковите за домаќинствата и за малите потрошувачи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкција: Правда за земјоделие или за МВР?

Дејан Дејан

„Пулс“ почнал со работа, иако во континуитет не исполнувал услови, кажа обвинителката на денешното рочиште кое на моменти беше тензично

Sasko Dimovski

Финансов директор на Тутунскиот комбинат во Прилеп за фиктивни услуги исплатил повеќе од 23 000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе