Ферплеј

Фер-плеј со Јана С03ЕП7 – Фудбалско дерби, Италија – Македонија

Фудбалските репрезентации на Италија и Македонија на 17.ноември ќе се соочат на „Олимпико“ во Рим.
За тоа каква ќе биде атмосферата и кој ќе биде подобар противник, оваа недела зборуваме зо Амбасадорот на Италија во Македонија, господинот Андреа Силвестри.
Дознаваме за кој италијански клуб навива, кои се неговите фаворити меѓу италијанските но и македонските репрезентативци и каде ќе го следи овој атрактивен натпревар?
Зборуваме и за неговото рекреативно спортување и учество на македонските спортски натпреварувања и манифестации.
Дознаваме и како на реномираниот македонски оперски пејач кој живее и работи во Италија – Благој Нацоски, му припадна честа и одговорноста да ја изведе химната на Македонија пред стартот на фудбалскиот натпревар во петок, на „Олимпико“.
Го прашавме дали има трема, но и дали добро ги знае сите строфи и текстови од македонската химна.
Гледајте „Фер-плеј“ со Јана и оваа недела, 12.11.2023, во 16:15 на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Немам проблем да бидам Македонец каде и да работам

Дејан Дејан

Охрид домаќин на најдобрите триатлонци од Балканот

Дејан Дејан

Секој сака пехарот ,,Македонски бисер” да го подигне

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе