Спорт Тенис

Ѓоковиќ без проблеми преку Димитров до 40-та мастерс титула

Новак Ѓоковиќ го освои мастерс тенискиот турнир во Париз откако во големото финале денеска го совлада Григор Димитров. Србинот со оваа победа повторно испиша нова историја во тенисот.

Се чини дека Ѓоковиќ имаше повеќе проблеми да победи во претходните рунди отколку денеска во финалето, кое го реши во своја корист за 98 минути игра со 6-4 и 6-3. Бугаринот, кој го играше само своето второ мастерс финале во кариерата не претставуваше пресериозен проблем за Србинот.

Ѓоковиќ стана првиот тенисер во историјата со 40 мастерс титули, а воедно ја освои и рекордната седма титула во Париз.

Светскиот тенисер број 1 во АТП финалето или завршниот сезонски мастерс во Торино влегува со низа од 18 победи по ред, што датира уште од Вимблдон.

Ѓоковиќ најверојатно осми пат во кариерата ќе ја заврши годината на првото место на АТП-листата, бидејќи има 1.490 поени предност пред Карлос Алкараз. Шпанецот математички може да го престигне Ѓоковиќ, но Србинот треба да ги загуби сите три натпревари во својата група на АТП финалето, а Шпанецот да ги добие сите пет меча.

Завршниот мастерс турнир почнува на 12 ноември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Серџо Консеисао е главен фаворит да биде нов тренер на Милан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе