Вести Македонија Топ вести

Министерот Лога ќе бара од министрите на СДСМ да му објаснат зошто гласале против законот за амнестија

Министерот за правда Кренар Лога вели дека е изнанеден од одлуката на пратениците од СДСМ да гласаат против законот за амнестија. Не бил информиран зошто не гласале за законот да влезе во собраниска процедура по скратена постапка, и ова како тема ќе го постави на редовната владина седница во вторник.

  • Дилемата дали ни треба овој закон или не, се разгледуваат во матичните комисии кога би се дискутирало дали тоа би било најдоброто можно решение или е нешто друго во прашање, вели Лога во вечерашното интервју во Топ Тема.

Тој објаснува дека претходно добил информација од новинарите кои пак биле информирани од седиштето на СДСМ дека нема да го поддржат законот. Но, министерот немал такви најави, и одбил да коментира, затоа што вели дека за многу битни прашања се дискутира на владина седница.

  • Не знам дали имале партиски прегрупирања, но јас кога го образлагав законот им реков дека ќе бидам среќен да помине. Во Собрание гледам и пратеници од ВМРО ДПМНЕ, кои беа против измените на КЗ, како Милошоски, за утредента со адвокати да бараат нивните дела да застаруваат. За каков морал зборуваме тука ?! А од друга страна имам коалициски партнери пред себе кои имаат двајца екс генерални секретари кои ја издржуваат казната притвор и куќен притвор по хотели, или во Систина или на Клинички. Кога имате од една страна такви привилигирани луѓе од моќни партии во државата, а од другата страна имате докази со слики и секако друг материјал кој е доставен до пратениците уште од сабајле, од состојбите во затворите. И сега ме прашувате за политика, вели Лога.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителство – Генерално мирен изборен ден без поголеми нарушувања

Дејан Дејан

Арбер Адеми не гласал за претседател, а ДУИ очекува 20 пратеници во Собранието

Дејан Дејан

Муцунски: Отворениот повик на ДУИ за бојкот не успеа, извесно е дека партијата ќе оди во опозиција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе