Спорт Тенис

Пегула во полуфиналето на женскиот Мастерс

Американката Џесика Пегула е првата полуфиналистка на завршниот ВТА турнир што се одржува во Канкун.

Таа во мечот од второто коло во својата група во два сета со 6:4 и 6:3 триумфираше над светскиот рекет број 1 кај дамите, Ирина Сабаленка.

Со оваа победа Пегула го освои првото место во групата со што си обезбеди настап во продолжението од битката за трофејот.

Во вториот дуел од денешната програма Елена Рибакина од Казахстан беше поуспешна од Марија Сакари од Грција совладувајќи ја со 6:0, 6:7 и 7:6.

Вечерва ќе се одиграат дуелите од второто коло во втората група, а се среќаваат Ига Швојнтек – Коко Гоф и Онс Жабер – Маркета Вондрушова.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе