Ферплеј

Фер-плеј со Јана С03ЕП4 – Фудбалска У21 репрезентација и Александар Трајковски

Наши гости викендов се тројцата напаѓачи на младата Македонска фудбалска репрезентација до 21 година: Марио Илиевски, Иван Николов и Методи Максимов.
Зборуваме за тежината на националниот дрес, кој меѓу другото значи и потенцијална шанса за билет во сениорскиот состав на Македонија.
Дознаваме како се одвиваат нивните клупски кариери во унгарска Кишварда, дански Сондерјиске и ФК Шкендија. Ги споделуваме впечатоците за нивните погодоци со кои ја стартуваа новата сезона. А, дознаваме и кој најмногу ги поддржува и кој најмногу ги критикува.
Дека младитие имаат од кого да земат позитивен пример, еден од најсветлите докази е голгетерот Александар Трајковски, со кого во оваа прилика зборуваме за тоа кои се главните карактеристики на еден голгеретер. Тој ни открива и дали Италијаните сè уште му се лутат за голот постигнат во Палермо, вреден голема, историска победа за Македонија кој со сигурност секогаш ќе го паметат.
Фудбалските разговори во „Фер-плеј“ гледајте ги во недела, 22.10.2023, на ТВ Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФЕР-ПЛЕЈ со Јана С03ЕП23 – ЖЕНСКА ТРКА

Дејан Дејан

ФЕР-ПЛЕЈ со Јана С03ЕП22 – Кошаркарски ФИБА Судии

Дејан Дејан

Фер-плеј со Јана С03ЕП21 – Ева Милевска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе