Спорт Тенис

Хуркач подобар од Рубљов за титулата во Шангај

Хуберт Хуркач дојде до својата втора мастерс титула во кариерата откако денеска во големото финале на турнирот во Шангај успеа да го победи Андреј Рубљов

Полскиот тенисер спаси меч топка за да го победи Русинот во три сета со 6-3, 3-6 и 7-6. Хуркач, кој има 26 години стигна до својата седма титула во кариерата на АТП турнејата, а втора на мастерс турнирите по онаа во Мајами во 2021 година, кога го победи Јаник Синер. Сега тој е само 335 бодови зад Холгер Руне, кој се наоѓа на осмото место и со нови добри настапи се надева на пласман на завршниот мастерс турнир во сезоната што ќе се одржи во Торино.
Во меѓусебните дуели со Рубљов, Хуркач поведе со 3-2. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе