Вести Македонија

Жените на Балканот се жртви на родови стереотипи – од мали се насочуваат кон помалку платени професии

Жените од Западен Балкан од мали се жртви на родовите стереотипи кои потоа во животот се одразуваат на достапноста до работни места, до висината на платите и пензиите. Ова го кажаа од невладината „Реактор“ на денешниот регионален форум „Родова еднаквост во пристапните процеси во ЕУ“, по спроведеното истражување лани во шест земји од регионот.

Според претседателката на „Реактор“, жените се насочуваат да избираат помалку платени професии за разлика од мажите. Исклучок е интересот за студирање за ИТ инженери, но и во тој сектор повеќе вработени се мажи отколку жени. Родовата еднаквост е фундаментална вредност во ЕУ и за да пристапиме до неа потребно е секоја влада од регионот да биде проактивна и во овој дел од реформите, велат учесниците на форумот.

„Уште од мали, жените се насочуваат да бидат шивачки, плетачки, учителки, каде што платите се многу пониски. Така, подоцна во животот доаѓаме до родовиот јаз во плати и во пензии, кој што во целиот нивен век не може да биде израмнет, зашто од старт нивната појдовна точка е поинаква. Наспроти тоа, мажите одат во финансии, во економија или во други сектори каде што платите се повисоки“, изјави Тања Иванова, претседателка на „Реактор- истражување во акција“.

„Но, треба да бараме да има поголем притисок врз владата за да изгради едноставно проактивен став за реформите што ги превземаме за да бидеме конечно во ЕУ“, истакна Анита Стјепчевиќ од „Центар за женски права“ во Црна Гора.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Силјановска: Доаѓа времето на жените, време е за машка еманципација

Дејан Дејан

Еден затвореник полесно повреден во инцидент меѓу две групи во затворот во Шуто Оризари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе