Претпладне променливо облачно, попладне претежно во северозападниот дел ќе има појава на пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17°C, а максималната од 23 до 29°C.
Во Скопје претпладне со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo
