Спорт Тенис

Ивановски го освои првиот трофеј во Куршумлиска бања

Калин Ивановски го освои првиот од двата можни трофеи на ИТФ турнирот во Србија.

Нашиот најдобар тенисер во игра на двојки заедно со Украинецот, Олександар Овчаренко во финалето во три сета со 3:6, 7:6 и 10:5 триумфираа во мечот против белоруската комбинација Андреј Чепелев и Миколај Халак.

Утре Ивановски има шанса да стигне и до вториот триумф во Куршумлиска бања. Тој во финалето во поединечна конкуренција ќе се соочи со седмиот носител Табур Клемен кој со 2:0 по сетови 7:6 и 6:4 го елиминираше Италијанецот, Самуел Винсент Руџери.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе