Вести Економија Топ вести

Зголемен основачки капитал и законски измени за стечај за да се спречи неисплаќањето на плати за работниците

Малите компании немаат обртни средства и често се доведуваат во ситуација да немаат да исплатат плати па затоа се потребни законски измени и околу лимитот средства за отварање на фирма но и околу стечајната постапка и можноста самите вработени да ја активираат. Ова е ставот на организацијата на работодавачи по информацијата од УЈП дека 44 илјади работници не добиле плата за февруари и март.

Според Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи, проблеми со исплаќање на плата постоеле секогаш и не станува збор за одлука на сопственикот туку поради финансиски проблеми. Тој потенцира дека самата бројка на УЈП од 12 илјади компании потврдува дека станува збор за мали фирми со мал обртен капитал.Едно од решенијата според Димитров е зголемување на паричниот влог при основање на фирма кој во моментов е 300 илади денари што според него не е доволно.

Законски измени се неопходни сметаат од Организацијата, и работниците треба да добијат законска можност да побараат стечај за фирмата по три неисплатени плати а со тоа ќе се заштитат и работниците и доверителите.

Иако економско енергетската криза почна да попушта, цените на енергенсите се стабилизираа тоа не е доволно за македонската економија да биде стабилна и да има одржлив раст бидејќи одливот на работна сила ќе биде клучен проблем во наредните декади. Затоа треба посериозно да се размислува и да се отвара патот за увоз на работна сила како единствен начин да се одржи стабилна македонската економија.

Од УЈП соопштија дека над 44 илјади работници од најразлични сектори не добиле плата за месеците февруари и март, дел од нивните работодавачи ја пуштиле пресметката, но не и платата а некои пак воопшто до УЈП не ја поднеле пресметката за плата за своите работници. Тие веќе добиле опомени и ако не ја исполнат обврската ќе им бидат блокирани и сметките.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе