Вести Економија Македонија Топ вести

Над 44 000 работници не добиле плати за февруари и март – на работодавачите им се заканува блокирање на сметките

Над 44 000 работници за февруари и март не добиле плата. Дел од нивните работодавачи ја пуштиле пресметката, но не и платата.
Некои пак воопшто до УЈП не ја поднеле пресметката за плата за своите работниците.
Од УЈП на брифинг информираа дека станува збор за работодавачи од најразлични секори.
Тие веќе добиле опомени, а ако не ја исполнат обврската ќе им бидат блокирани и сметките.
Од Управата за јавни приходи информираа дека во јануари направиле контроли и во 30 продавници на познатата скопска улица Пластичарска.
Кај 28 трговци било констатирано дека не издаваат фискални сметки на купувачите, немаат фискален апарат и не водат евиденција.
Сликата нешто била подобра при контролата на инспекторите од УЈП , која ја направиле во март.
„При контрола на 37 продажни објекти, кај 25 биле констатирани неправилности односно неиздавле фискални сметки. Три продавници се поправиле во работата, но генерално треба да се даде простор и време да се подобри работењето“ – соопшти УЈП.
Контроли биле направени и на 10 клиники во комплексот Мајка Тереза. Кај 4 е утврдено дека не издавале фискални сметки.
„Од вкупно 13 контроли , кај 4 поликлиники се утврдени неправилности, не издавале фискални сметки. Проверувани се и 16 приватни здравствени установи во Гостивар, кај две имало неправилности“ додаваат од УЈП.
УЈП констатира дека и кај приходите од ДДВ има намалување во однос на лани.
Ова главно се должи поради воведувањето на регулаторни мерки во енергетскиот сектор за време на кризата, а паралелно има и зголемен поврат на ДДВ.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе