Вести Економија Топ вести

Кривични пријави во најава за познати ланци на маркети и Кванташки

Се подготвуваат кривични за познати ланци на маркети и за Кванташки. По акциите, надлежните решија јавно да ги објават имињата на оние кои во услови на криза не ги почитуваат законите и владините одлуки за замрзнување на цените. Повеќе компании не плаќале давачките. Тоа е кривично дело, рече министерот Бектеши. Субјектите веќе заработиле парични глоби, а до петок дел од нив ќе добијат и кривични.

„Има прекршочни пријави и за управителите на Кванташки пазар. Анмарк ДООЕЛ, има казни за увозници на овошје и зеленчук за компаниите Астра фреш, Савари, Атлантик, Фрута-Фрукта, Стрима, Нехар фреш, Ема стил и други, а секако има и казни за трговците на мало како што се Веро, Стокомак, Кам, Кипер, Зендолино, Тинекс, Миса МКБ. Важно е дека кривични пријави ќе има согалсно контролите, колку ќе бидат конкретно и за кои, ќе бидете информани до крајот на неделава, а дека ќе има сигурно ќе има“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

При контролите на Кванташки, биле регистрирани сериозни неправилности. Затекнати биле трговци кои не водат евиденција во трговијата. Физички лица кои немаат регистрирана дејност вршеле продажба на производи.

„Од денеска сите инспектори кои констатирале прекршоци на економски субјекти ќе се појавуваат на судски рочишта и ќе ги бранат законите по кој работеле. Системот мора да профункционира“, порача директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

Вчера биле одземени и 15 тони овошје и зеленчук. Заедно со Агенцијата за одземен имот биле распределени онаму каде што е најпотребно. Поради непочитување на одлуката за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, мерката наместо до крај на април ќе се продолжи да важи, до кога допрва ќе се утврдува. Дали ќе се продолжи и кризната состојба во енергетиката која, исто така, истекува за неколку дена, Бектеши рече ќе се знае кога ќе ги добие препораките од Комисијата.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе