Вести Економија Топ вести

Владата се фали- земјата успешно ја пребродила енергетската криза, бизнисот бара одговорност

Поминавме лошо да не се повтори. Додека владата се фали дека земјата успешно ја пребродила енергетската криза, бизнисот смета дека главната локомотива на економијата била препуштена сама на себе. Бараат одговорност и гаранции од државата дека тоа нема да се повтори и оваа година.

Премиерот смета дека планот дал резултати. Комората е тука да сугерира. Уверува дека заедно со бизнисот ќе ги креираат идните чекори.

Од стопанската комора реагираа и на тоа дека мора нешто да се преземе за на трговците со струја да не им се овозможува со мали основачки влогови да прават милионски долгови.

Според последниот извештај на ревизорите управниот одбор на МЕПСО отпишал долг од 14 милиони евра на фирми трговци со струја. За нив во услови на криза се влечеше струја од европската мрежа, долгот не го подмирија. Сепак и новиот директор на МЕПСО контра фактите на ревизорите. Тврди овој долг не е отпишан. Дел од фирмите се со блокирани сметки но тој тврди ќе се искористат сите механизми парите да се вратат во касата на компанијата.

Денеска во кругот на РЕК преставници од владата и од целиот енергетски сектор се собраа за да го одбележат успешното пребродување на енергетската криза. По обраќањата се поделија и благодарници. Вработените во РЕК пак најголемиот енергетски објект, освен што раскажаа со какви се предизвици се соочувале ги потсетија надлежните дека треба да пораснат и нивните плати.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот на САД забрани увоз на руски ураниум

Дејан Дејан

Трендафиловски: Црвен картон од работниците за Врховен порати одлуката да ни го одземе Работничкиот дом

Дејан Дејан

Променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно – Временска прогноза за 2.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе