Спорт Тенис

По 23 години Скопје повторно домаќин на АТП Челинџер турнир

Македонската тениска федерација по повод јубилеет „70 години македонски тенис“ ќе организира четири големи турнири во периодот од мај до септември 2023 година.

По пауза од цели 23 години, Скопје ќе биде домаќин на АТП Челинџер 75 турнир со награден фонд од 80.000 американски долари. Организаторите очекуваат тенисери од 300 до 100 место на АТП ранг-листата, а турнирот ќе се одржи на терените на тенискиот клуб Југ од 20-ти до 27 мај.

На почетокот на месец јуни ќе се одржи ИТФ турнир со награден фонд од 25.000 американски долари. Од 19 до 25 јуни, Македонија втора година по ред ќе биде домаќин на Били Џин Кинг Купот на Европа за третата група, а покрај нашата женска репрезентација ќе учествуваат и Албанија, Азербејџан, Кипар, Ерменија, Финска, Исланд, Луксембург, Молдавија, Црна Гора и Сан Марино.

Тениското лето во Скопје ќе финишира во септември со ИТФ турнир во женска конкуренција со награден фонд од 25.000 долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе