Вести Економија Топ вести

Министерот Бектеши упорен за долгот на трговците со струја – средствата се резервирани, не се простени

Долгот кон трговците со струја не бил отпишан. Фактите кои ги изнесоа ревизорите дека МЕПСО отпишал долг од 14 милиони евра на трговци со струја, биле погрешно пренесени во јавноста. Ваква информација добил министерот Бектеши од компанијата. Според последните податоци, сметките на  фирмите кои треба да вратат милиони во касата на преносниот систем се блокирани, приливи нема и се потешкотии се влечат пари.  Но, и покрај тоа за Бектеши укажувањата дека овие пари МЕПСО нема да ги наплати, биле само новинарски прејудицирања.

Вчера и премиерот Ковачевски рече дека нема надлежност да бара одговронот во МЕПСО за отпис на долгот, иако токму владата, односно министерството за транспорт ги избира членовите во надзорниот одбор, а тие потоа ги назначуваат генералниот и останатите директори кои се и членови на управниот одбор.

Претходно и од МЕПСО излегоа со соопштение дека долгот не бил отишан, туку средствата биле резервирани.

И Бектеши и Ковачевски се изјаснија дека ако имало нешто тоа било работа на обвинителството. Според информациите на Бектеши, сите документи се доставени до надлежните. Од обвинителството за борба против организиран криминал вчера соопштија дека во моментов нема  отворено предмет за отпишаните 14 милиони евра долг. Од таму велат дека ги следи сите написи и ако се утврдат елементи на кривично дело ќе биде отворен предмет, согласно надлежностите.

Според извештајот на државниот ревизор, шестмина членови на Управниот одбор во МЕПСО гласале да им се отпише долг на четири приватни фирми – трговци со струја. За потребите на овие компании, се влечеше струја од европската мрежа, која МЕПСО ја фактурира хупекс цена плус 50 отсто пенали. За извлечените количините, износот достигнал 15 милиони евра. Се наплатија нешто над 1 милион евра. Остатокот од долгот, според ревизорот, е отпишан. Меѓу трговците кои должат милиони се, „У Повер“, „Енергија гас“ и „Повер и Мист Енерџи“. Иако, добија забрана за трговија со струја, некој го променија името на фирмата и се вратија во игра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе